1. Ми се допаѓа денешната понуда. На кој начин можам да ја купам?

Доволно е да се регистрирате тука, тоа се прави само еднаш и одзема само неколку минути, а е неопходно за да можете да купувате преку Wow.Mk. Потоа кликнете КУПИ на понудата што Ви се допаѓа - веднаш, за да не го пропуштите попустот. Самата страница која ќе се отвори ќе ви даде детални инструкции кои податоци треба да ги внесете, во зависност од тоа дали ќе изберете да купите со платежна картица (онлајн) или со уплатница (преку банка). Со комплетирање на процесот ќе добиете купон (на Вашиот профил на wow.mk и на маил) кој треба да го покажете на местото каде ќе ја користите услугата или подигнувате производот.

2. Дали е потребно да се регистрирам за да добивам корисни информации за нови понуди и наградни игри по е-маил?

Да, регистрирањето е потребно за да не ги пропуштите новите атрактивни понуди на модни парчиња, козметика, романтични вечери и други понуди со кои секојдневно ќе ве изненадуваме и радуваме.

3. На кој начин може да се изврши плаќањето?

Плаќањето може да се врши со платежна картичка и уплатница. Повеќе околу начини на плаќање овде

4. Дали плаќањето со картичка е сигурно и безбедно?

Плаќањето со платежна картичка на WoW.mk е безбедно и сигурно исто колку што е безбедно и сигурно да направиш било какво плаќање на обично невиртуелно продажно место и е авторизирано преку интернационалниот картичен систем CaSys. Повеќе околу плаќање со картичка може да прочитате овде

5. Што доколку немам картичка?

И за ова имаме решение. Доколку не поседувате дебитна или кредитна картичка, плаќањето може да биде извршено на следните 2 начини:
- Со уплатница (комплетни инструкции види тука) или
- Да замолите некој пријател кој има платежна картичка да го направи купувањето за вас.

6. Кога понудата на WoW.mk е успешна?

Понудата е успешна доколку се остварат минималниот број на продадени купони за реализација на понудата. Во спротивно, парите нема да бидат повлечени од Вашата картичка.

7. Ја купив понудата, но не го добив купонот. Што да направам?

Без грижа. Откако понудата ќе стане успешна, ќе го добиете Вашиот купон, кој потоа можете да го испечатите или да го покажете купонот на вашиот мобилен телефон на местото каде што го користите попустот. Сите купони можете да ги пронајдете во делот Мои купони во Вашиот профил.

8. Што доколку понудата нема доволен број на купувачи? Дали ќе ми бидат одземени парите од сметката?

Нема. Но за се достигне доволниот број на купувачи, препорачајте ја дневната понуда на твоите пријателки! Тие ќе ти бидат благодарни за тоа и заедно можете да уживате во незаборавни и пријатни мигови поминати без грижа на испразнет паричник.

Како можам да го искористам купонот?

Многу едноставно. Вашиот купон може да го искористите на еден од следните три начини:
(1) отпечатете го и покажете го на трговецот каде го подигнувате производот/купувате услугата
(2) покажете го на трговецот директно од екранот на вашиот телефон
(3) едноставно запомнете гoуникатниот код на купон и кажете ги на трговецот заедно со Вашето име.

Кога можам да го искористам купонот?

Купонот мора да се искористи во рокот кој е одреден според понудата на WoW.mk. На самиот купон е наведен рокот на почеток и крај на понудата.

Дали можам да вратам купон?

Wow.mk секогаш е и ќе биде на страната на своите корисници при напорите за надминување на сите евентуални предизвици и незадоволства од услугите или производите понудени на нашата веб страна настанати од било која причина. Ние сме тука и напорно работиме за секое ваше доживување да е единствено, лесно и пријатно.

Ја заборавив лозинката. Што сега?

Слободно контактирајте не на support@wow.mk за да ви овозможи повторно пристап без да ги изгубите више зачуваните купони.

Имам друго прашање, проблем, сугестија. Како да ве контактирам?

Слободно контактирајте не на friend@wow.mk или тука, опишете го проблемот или прашањето и оставете ги податоците за контакт . Тимот на WoW.mk e секогаш подготвен да ги надмине сите предизвици и одговори на вашите барања во најкус можен рок.