Како се користи?

На сите вас ви се добро познати принципите за групно он-лајн купување. Сепак дозволете ни да ве потсетиме на петте едноставни чекори до успешен шопинг преку WoW.mk:

1. Регистрирај се на Wow.mk

Можеш да се регистрираш тука. Тоа се прави само еднаш и одзема само неколку минути, а е неопходно за да можеш да купуваш преку Wow.Mk. Понатаму само пријавувај се секогаш кога ќе го посетиш Wow.mk. Moжеш да се регистрираш и со твојот Facebook или Twitter профил.

2. Кликни КУПИ на самата понуда на производот/услугата кој сакаш да го набавиш

3. Одбери начин на плаќање

Можеш да платиш со платежна картичка или со уплатница.

3.1 Плаќање со ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА

Доколку плаќаш со картичка, ќе ти се отвори безбедносниот систем на CaSys, во кој треба да пополниш податоци за картичката. Кликни ИСПРАТИ за комплетирање на нарачката.

3.2. Плаќање со УПЛАТНИЦА

Доколку плаќаш со уплатница, ќе треба да ја извршите уплатата од било која банка или пошта на следната жиро сметка: Смартвеб ДОО Жиро сметка: 240-010002338165 УНИБанка Цел на дознака: Нарачка на SWAROVSKI ELEMENTS накит.

Препорака: Наша препорака е плаќањето да го вршите со платежна картичка, бидејќи во тој случај ние веднаш ја регистрираме уплатата и производот веднаш Ви се испраќа, а со тоа побрзо го добивате. Покрај тоа, немате трошок за банкарска провизија

4. Информирајте не за Вашата адреса за испорака

По извршувањето на уплатата Ве молиме пишете ни e-mail на friend@wow.mk или SMS порака на мобилен 076 47 47 49 со следните податоци:

(1) име и презиме
(2) адреса за достава
(3) селектирана боја на производот (само доколку истиот е понуден во повеќе бои)
(4) контакт телефон (доставувачот ќе Ве исконтактира телефонски пред да Ви го донесе производот)
(5) “Текст за персонализирана порака” – доколку го праќате подарокот некому директно за подарок, можете да ни напишете текст кој сакате да биде испишан на гифт-картичка

Напомена: Испораката е бесплатна! Производот го добивате за максимум 1 ден во Скопје и за максимум 2 дена во другите градови од Македонија.

5. Уживајте во прекрасниот производ!