Начин на плаќање

1. Ми се допаѓа денешната понуда. На кој начин можам да ја купам?

Доволно е да се регистрирате - тоа се прави само еднаш и одзема само неколку минути, а е неопходно за да можете да купувате преку Wow.Mk. Можете да се регистрирати и со вашиот Facebook или Twitter профил. Потоа кликнете КУПИ на понудата што Ви се допаѓа - веднаш, за да не го пропуштите попустот. Самата страница која ќе се отвори ќе ви даде детални инструкции кои податоци треба да ги внесете, во зависност од тоа дали ќе изберете да платите со платежна картица или со директна уплата (со уплатница или електронско банкарство). Со комплетирање на процесот ќе добиете купон (достапен на Вашиот профил на wow.mk и на Вашата е-маил адреса) кој треба да го покажете на местото каде ќе ја користите услугата или подигнувате производот.

2. Дали купувањето преку WoW.mk e безбедно?

Плаќањето со платежна картичка на WoW.mk е безбедно и сигурно исто колку што е безбедно и сигурно да направиш било какво плаќање на обично невиртуелно продажно место. Плаќањето се одвива преку порталот на интернационалниот картичен CaSys. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Пренасочувањето на купувачот од веб страната WoW.mk кон Платежниот портал се прави во криптирана 128 битна и SSL конекција.

3. Со кои платежни картички можам да купувам?

На WoW.mk може да купувате со следниве картички: MasterCard, Maestro, Visa, Visa Electron издадени од било која банка или Diners картичка. Исклучок е само картичката VISA Electron дебитна картичка издадена од Стопанска Банка чија политика не овозможува плаќање преку интернет. Доколку ја поседувате оваа картичка, Ве молиме обратете се во Стопанска Банка за повеќе информации.

4. Кои податоци се потребни да ги внесам за мојата платежна картичка?

За да биде извшено плаќањето, потребно е да внесат следниве податоци:
- типот на картичката (MasterCard, Maestro, Visa или Diners cards)
- името и презимето на сопственикот на платежната картичка како што е напишано на картичката
- CVV или CVC код (последните 3 бројки од задната страна на картичката) и
- рокот на истекување

5. Што доколку немам кредитна или дебитна картичка?

И за овој проблем имаме решение. Доколку не поседувате дебитна или кредитна картичка, плаќањето може да биде извршено на следните начини:
- Со уплатница во било која банка или пошта,
- Со електронско банкарство доколку поседувате или
- Да замолите некој пријател кој има платежна картичка да го направи купувањето за вас.

6. Како да платам со помош на уплатница?

Во моментот кога ќе стиснете КУПИ одберете ја опцијата “Уплата” и потоа следете ги инструкциите на екранот. Потоа пополнете ја уплатницата (Образец ПП10) според инструкциите. Не заборавајте да го пополните полето „Повикува на број – Одобрување“ според инструкциите на екранот. Истите инструкции ќе ги добиете и на Вашата емаил адреса.

7. Како да знам дека успешно е купена понудата?

Понудата е успешна доколку се остварат минималниот број на продадени купони за реализација на понудата. Во спротивно, парите нема да бидат повлечени од Вашата картичка. По успешно купената понуда, ваучерот ќе биде испратен до Вашата емаил адреса. Истиот може да го најдете и под „Мои купони“ на Вашиот профил.

8. Што доколку нема доволен број на купувачи на понудата? Дали ќе ми бидат одземени парите?

Нема. Но за се достигне доволниот број на купувачи, препорачајте ја дневната понуда на твоите пријателки! Тие ќе ти бидат благодарни за тоа и заедно можете да уживате во незаборавни и пријатни мигови поминати без грижа на испразнет паричник.

9. Што да направам доколку плаќањето не е успешно?

Доколку трансакцијата не е успешна, WoW.mk ќе добиете порака за грешката. Подоцна обидете се повторно или известете не на support@wow.mk и ние ќе се потрудиме да го решиме проблемот во најкус можен рок.

10. Што доколку ми биде наплатено купувањето на понудата, а истата сеуште не е завршена?

По истекот на понудата, доколку била успешна ќе Ви биде наплатено од Вашата картичка. Во спротивно, парите ќе да бидат рефундирани на Вашата картичка.

11. Имам друго прашање, проблем, сугестија. Како да ве контактирам?

Слободно контактирајте не на friend@wow.mk или тука (хиперлинк до контакт), опишете го проблемот или прашањето и оставете ги податоците за контакт . Ќе ви одговориме во изненадувачки краток рок! Тимот на WoW.mk e секогаш подготвен да ги надмине сите предизвици и одговори на вашите барања во најкус можен рок.

Потребна ми е помош за да ја комплетирам нарачката

Секогаш сме тука за тебе! Додај не на skype, нашиот skype ID е wow.mk , започни chat и постави ни прашање таму и некој од нашиот тим активно ќе те води низ процесот на комплетирање на нарачката.