ИЗЈАВА ЗА ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Оваа изјава за доверливост на податоците се однесува на податоците на крајните корисници на нашата интернет-страница, собрани и зачувани во базите на податоци на интернет-страницата www.WoW.mk и на СМАРТВЕБ ДОО Скопје. СМАРТВЕБ ДОО, како сопственик и давател на услуги на интернет-страницата www.WoW.mk ќе ја штити вашата приватност додека сте приклучени (online) на нашата веб адреса. Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци и другите позитивните законски прописи во Република Македонија.

1. Прибирање на податоци и употреба на тие податоци

www.WoW.mk e едиствен корисник на информациите што ќе ги оставите на оваа страница. Ние нема да ги продадеме, поделиме или изнајмиме Вашите лични информации на други компании, организации или физички лица во било кој облик. Ние собираме два вида на информации на нашата веб-страница од нашите корисници: лични податоци и не-лични податоци.

1.1. Доверливост на лични информации

Личните информации ни се потребни за да послужат за идентификација на крајниот корисник, како би можеле да овозможиме Ваше непречено користење на нашиот веб сајт низ следните активности: регистрација на кориснички профил, нарачка или резервација на користење на производ/услуга од трговците чии производи/услуги ги рекламираме. Информациите кои нам ни се потребни се: Име, презиме и e-mail адреса. На трговците чии услуги/производи ги нарачувате ќе им бидат пренесена информација единствено за Вашето име и презиме и податоци за производот кој сте го нарачале и треба да го подигнете, односно услугата која која ја користите во нивните простории, со цел Ваша идентификација.

www.WoW.mk и СМАРТВЕБ ДОО од Скопје не собираат никакви информации од финансиска природа, како на пример број на картичка и/или број на банкарска сметка. Во моментот на плаќањето купувачот се пренасочува кон заштитена веб страна на платежниот портал (Casys/УНИБанка) и на таа страна се внесуваат потребните податоци за платежната картичка, каде реално СМАРТВЕБ ДОО Скопје за трансакциите што се прават преку неговата веб страна www.WoW.mk нема никакви податоци во врска со картичката (број на картичка, cvv код, дата на важење на картичката и сл). Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Пренасочувањето на купувачот од веб страната www.WoW.mk кон Платежниот портал се прави во криптирана 128 битна и SSL конекција.

1.2. Доверливост на нелични информации

Не-лични информации, односно информациите кои не можат да послужат за идентификација на крајните корисници (како геолошки податоци, статистички податоци) може да бидат искористени за информирање на нашите партнери, но само во насока на унапредување на услугите и можностите кои ги даваме кон нашите корисници, а не за цели од интерес на трето лице.

1.3. Останати одредби во врска со корисничките лични и нелични информации

www.WoW.mk гарантира се и се обврзува на безрезервна доверливост на личните податоци, и податоците од портфолиото на корисниците (број и тип на нарачани производи). При користење на нашите фан страни и профили на социјалните мрежи сами ја одредувате достапноста на своите приватни информации кои ги пласирате на другите посетители и корисници на нашите фан страни и профили и за тоа WoW.mk не презема контрола и одговорност. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.

2. Чување, ажурирање и пристап до личните податоци

Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем. Регистрираните членови и корисници имаат право на пристап само до своите лични податоци и тоа во секој момент додека се најавени на сајтот, како и право на нивни измени и корекции ако е тоа потребно. Промената можете да ја извршите лично или да побарате ние да го сториме тоа за Вас со праќање на e-mail порака на support@wow.mk. Во таа e-mail порака, ве молиме да го наведете вашето име и презиме, адреса и e-mail адреса и кои информации сакате да ги ажурирате. Ви препорачуваме благовремено да ги ажурирате вашите лични податоци кога тие ќе се променат. Можете да побарате бришење или отстранување на информациите за вашиот кориснички профил, меѓутоа, со оглед на тоа дека ги чуваме поранешните трансакции, не можете да ги избришете информациите во врска со поранешните трансакции на нашата интернет страница. Покрај тоа, мора да ви предочиме дека можеби нема секогаш да бидеме во можност до крај да ги избришеме сите ваши информации.

3. Контрола и следење на податоците

3.1 Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб страница. www.WoW.mk ги користи Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата е-продавница.

3.2. Log files

www.WoW.mk користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адреси не се поврзани со личните профили.

4. Безбедност на податоците

4.1. Безбедност на податоците зачувани од www.WoW.mk

Безбедноста на личните податоци на нашите корисници е наш највисок приоритет и постојано се вложуваме, инвестираме и правиме активности за одржување на експлицитно високо ниво на безбедност на податоците. Користиме напредна Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се безбедни.

4.2. Безбедност на податоците преземени од трети страни

За жал, денеска не постои 100% сигурен пренос на податоци преку интернет или било која друга безжична мрежа или техничко средство и затоа ние не можеме да Ви гарантираме безбедност на какви било информации пренесени на или од веб-страната, на било која трета страна која може да ги добие сите такви податоци.

5. Останати права на корисници и посетители

Правото на посетување, користење, линкување и користење на содржини на нашиот сајт не е ограничено за ниедна страна, физичко или правно лице, ниту за било кој медиум во било кој облик.

Правото на зачленување на нашиот веб сајт не е ограничено.

Правото за користење на нашиот веб сајт и нарачка на производи имаат сите полнолетни физички или правни лица кои имаат дебитна или кредитна картичка издадена од некоја од регистрираните банки во Р Македонија или трансакциска сметка во некоја од банките во Р Македонија.

Сите одредби од оваа Изјава за приватност се однесуваат на овие типови на корисници и посетители.

6. Обврска за доверливост на лични и нелични податоци на нашите корисници од страна на нашите партнери (трговци и огласувачи)

www.WoW.mk работи само со внимателно селектирани партнери, кои се во согласност со нашите стандарди. Односот со партнерите (трговците и огласувачите) и третманот на истите кон податоците кои им се доставени не е во наша комплетна надлежност, контрола и гаранција. Единствени информации за нашите корисници кои WoW.mk ги доставува до нашите партнери се: име и презиме (или име на правно лице), податоци за количина на производ/услуга за која е извршена нарачка за дадената понуда; податоци за евентуалните специфични барања и преференци на корисниците кон трговецот и услугата/производот што го нарачуваат, по потреба податоци за датумот и времето на реализираната уплата. Во секој случај ние ќе вложиме максимални напори да и тоа количество на податоци добие максимално доверлив, внимателен и одговорен третман од страна на нашите партнери.

7. Разно

7.1. Право на Ваша информираност

Апсолутно го подржуваме Вашето право да бидете секогаш, навремено и комплетно информирани во врска со нашата Политика на доверливост и подлабоко толкување на правилата од оваа изјава. Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, Ве молиме контактирајте нѐ на support@wow.mk .

7.2. Објавување на промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Истите стапуваат на важност од датумот на извршени промени назначен на објавата.

ДОКОЛКУ СТЕ КОРИСНИК ИЛИ САКАТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА СМЕТАМЕ ДЕКА СТЕ ЈА ПРОЧИТАЛЕ, РАЗБРАЛА И ПРИФАТИЛЕ НАШАТА ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ.

Однапред Ви благодариме на Вашето почитување на оваа Изјава.

Со почит,

Тимот на СМАРТВЕБ ДОО