ПОЛИТИКА ЗА РЕКЛАМАЦИИ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА

WoW. mk работи само со внимателно селектирани партнери, кои се во согласност со нашите интерно пропишани стандарди за задоволување на нивото на квалитет кое очекуваме да биде испорачано на нашите корисници.

Односот со партнерите (трговците и огласувачите) и третманот кон нашите корисници и испорака на услугите и производите кои ги промовира на нашата веб стана не е во наша комплетна надлежност, контрола и гаранција.

Корисниците ги имаат сите права пропишани од Законот за заштита на потрошувачите.

Истовремено WoW.mk ги прима и третира информациите, поплаките и рекламациите од корисниците за сите евентуални проблеми поврзани со испорака или недостатоци на производите или услугите кои трговецот или огласувачот ги рекламира на нашиот веб сајт, силно се залага за нивно разрешување, надокнадување, надминување или рефундирање.

За почитување на рекламираната услуга или производ согласно рекламираните услови одговорен е исклучиво Трговецот или Огласувачот кој се рекламира и WoW.mk во ниеден момент не може да преземе одговорност за евентуалните недостатоци на производите или услугите кои се рекламираат.

Wow.mk се обврзува да ја разгледа секоја информација, поплака, рекламација, поплака на корисниците (која ќе биде добиена на support@wow.mk) и секаде каде што ќе идентификува отстапка или тоа ќе биде побарано од корисниците се обврзува да реагира со: - Доставување на писмена опомена до трговецот со барање на надокнадување, повторно испорачување, рефундирање или на било кој начин надминување на незадоволството на корисникот. - Во случај на согласност на трговецот да направи рефундирање / поврат на уплатените средства од страна на корисникот, Wow.mk се обврзува да го реализира повратот до корисникот во рок од максимум еден работен ден од пристигнувања на средствата.

Wow.mk секогаш е и ќе биде на страната на своите корисници при напорите за надминување на сите евентуални предизвици при испорака на нарачан производ или услуга од страна на трговецот или огласувачот настанати од било која причина.

Тимот на СМАРТВЕБ ДОО